-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Ова е најголемиот 3Д печатач во светот

Kabtel desktop

Ова е најголемиот 3Д печатач во светот. Толку е голем што може да направи една цела куќа. Се вика The Big Delta, а го направи тимот од Wasp. Нивната крајна цел е да можат да градат куќи коишто ќе може да си ги дозволи секој на планетата Земја.

Џиновскиот печатач е висок 12 метри, а широк 6 метри. Печатењето на куќите го прави постапно слој по слој, а како материјал користи глина. За да може да работи користи само 82 киловати енергија. На овој начин трошоците за материјали и за енергија за изградба на една куќа ги сведува на само 55 долари. Крајниот резултат е куќа со дијаметар од околу 5 метри.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!