Хрватска стартува огромен проект за целосна дигитализација на државата!

- Advertisement -

Мобилна апликација е-Граѓани, нова електронска лична карта која ќе биде бесконтактна , можност за ополномоштување по електронски пат, државен логин кој ќе можат да го користат компаниите, плаќање преку ПОС уред во телата на државната управа, отворање центри во облак за споделување на информации и услуги, можност најголем дел од услугите кои ги нуди државата да се реализираат по електронски пат.

Ова се само дел од активностите од најавеното дигитално цунами кое во средата во Загреб на Digital Transformation конференцијата го најави Министерство за управа на Република Хрватска. Дел од овие активности ќе завршат до крајот на оваа година, а дел ќе се реализираат во текот на 2019 година.

Бернард Гршиќ, државниот секретар за развој на дигитално општество вели дека за 40 проекти ќе се доделат 50% од средствата наменети за стратегијата Хрватска 2020.

- Advertisement -

“Кога сите овие проекти ќе се завршат Хрватска ќе биде многу поразлично место отколку што е сега“, изјави Гршиќ.

Новите елетронски лични карти ќе бидат бесконтактни и со нивно доближување до мобилниот систем е-Граѓани веднаш ќе се покаже личната карта на лицето кое ќе добие брз и едноставен пристап со сервисот на кој ќе може да заврши повеќе услуги. До крајот на годината ќе се воведе можноста директно рреко ПОС терминал да се може да се плаќа во државни органи коха се обновува возачка дозвола на пример, или се вадат лични документи. Од следната година сите овие услуги ќе се обединат во една платформа преку која целиот процес ќе се поедностави.

- Advertisement -

Со овој проект за дигитализација практично ќе се укинат сите хартиени уплатници. За граѓаните кои немаат искуство и знаење за користење на технологија ќе се инвестираат над 17 милиони евра во диготализација на пунктови каде тие ќе можат да добијат помош и пристап до дигиталните услуги.

 

- Advertisement -

Poslovni.hr

 

Сподели!
- Advertisement -