Овој кинески хотел се наоѓа под земја и под вода

- Advertisement -

Подножјето на планината Тианмен, која некогаш била каменолом, сега го краси чудесното здание – хотелот InterContinental Shanghai Wonderland. По десет години изградба, хотелот сега е подготвен да ги отвори вратите и да ги прими првите гости на 1 декември.

Шеснаесет од вкупно осумнаесет ката на хотелот се наоѓаат под површината на земјата, а собите кои се сместени на најниските две нивоа се и под површината на водата и овозможуваат поглед на на внатрешниот аквариум длабок 10 метри. Подводниот дел на хотелот содржи ресторан, базен, центар за водени спортови итн.

- Advertisement -

Еден од украсите на хотелот е и величенствениот водопад. Најголем дел од собите гледаат во водопадот, некои од внатрешната страна, некои од надворешната, но и на карпите и брдата кои се наоѓаат одоколу.

Меѓу понудите за рекреација и забава се и банџи, планинарење и други активности кои ги нуди блискиот национален парк Тианмен.

Сподели!
- Advertisement -