23 C
Skopje
недела, јули 12, 2020

Експериментална работилница за дизајн на производи на Skopje Design Week 2018

Kabtel desktop

Од 17 до 22. ноември во рамките на Скопската Недела на Дизајн се одржува меѓународна работилница за дизајн на производи, а сите изработени предмети ќе бидат изложени и промовирани за време на годинешниот фестивал

На експерименталната работилница, македонски дизајнери и архитекти заедно со осум мастер студенти од Факултетот за продукт и моден дизајн при Универзитетот за уметност од Берлин (Univerzität Der Künste Berlin), предводени од светски познатата дизaјнерка и нивни професор, Инеке Ханс, изработуваат нови решенија за домаќинство и угостителство.

Учесниците работат во керамичкото студио Липа лоцирано на Матка, каде своите идеи ќе ги реализираат во керамика и трска, а со нив ќе работат и архитектката и керамичарка Анета Поповска и виртуозот за плетење трска на разбој Петар Благојевски.

 

Оваа активност е во рамки на програмата Германија – земја во фокус, со која се тежнее на повеќе нивоа да се оствари соработка помеѓу германските и локални образовни институции, да се развие соработка помеѓу германски дизајнери и производни компании од Македонија, да се отворат можности за пласман на македонски дизајн производи на германски саеми и слично. Програмата е поддржана од Амбасадата на СР Германија во Скопје.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавнасоба – Центар за дизајн и иновација. Програмските активности на фестивалот се одржуваат во Јавнасоба и Лукс секој ден од 21 до 25 ноември од 10:00 до 01:00 часот, а влезот е слободен за сите посетители.

Повеќеинформациина: www.ministryofpleasure.net

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •