22 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Десет песни со кои Стив Џобс го тренираше својот мозок

Kabtel desktop

Стив Џобс најверојатно слушал песни за да се опушти, да си ја развива креативност и да го прочисти својот ум. Музиката е еден од составните елементи на животот, но за претприемачите може да биде клучна алатка за успех. Некои истражувања покажуваат дека музиката може да активира различни делови од мозокот. Со други зборови, различен вид музика може да го „програмира“ мозокот да размислува на различен начин.

Стив Џобс своевремено ја откри својата листа со омилена музика. Со оглед на тоа дека Џобс медитираше за да ја развие креативноста, многу е веројатно дека за таа цел му служела и музиката. Еве како изгледа неговата листа со омилени песни.

1. „Imagine“ (Џон Ленон)

Џобс веруваше дека неговиот производ може и мора да го направи светот подобро место за живот. Затоа не е чудно што иснпирација црпел од ова ремек дело.

2. „Hard Headed Woman“ (Кет Стивенс)

Оваа песна веројатно во него побудувала лавина од емоции како поддршка и почит за својата жена Лорен Пауел Џобс.

3. „Highway 61 Revisited“ (Боб Дилан)

Оваа иронична нумера совршено го отсликува хуморот во текот на презентациите на лудачки одличните производи на Џобс пред светот.

4. „The Goldberg Variations“ (Јохан Себастијан Бах)

Бах и Џобс биле познати по својата способност за постигнат речиси совршена едноставност дури и кога се занимаваат со сложени мелодии или технологија.

5. „Truckin“ (The Grateful Dead)

Како и повеќето лидери, Стив Џобс често патуваше поради работа. Оваа песна можеби го инспирирала да остане креативен во текот на патувањата.

6. „Late for the Sky“ (Џексон Браун)

Оваа балада зборува за изгубени прилики и максимално искористување на она што го нуди животот. Можеби Џобс ја слушал оваа песна за да ја врати рамнотежата и да ги гледа работите од друга перспектива во некои тешки моменти.

7. „Blue in Green“ (Мајлс Дејвис)

Класична нумера на еден од најголемите џез изведувачи во светот. Совршена е за вашиот мозок да се опушти и да се смири после долгиот тежок ден на работа.

8. „Beast of Burden“ (The Rolling Stones)

И ова е еден од класиците од светот на музиката. Зборува за тоа дека треба да останете свои и покрај притисоците да бидете нешто што не сте.

9. „Won’t get fooled again“ (The Who)

Џобс правеше грешки во својата кариера, но никогаш не ја направи истата грешка двапати. Имајќи го тоа на ум, можеби оваа песна е негова бизнис стратегија.

10. „Blowin’ in the Wind“ (Peter, Paul & Mary)

Ако песната на Ленон, „Imagine“ го претставува светот каков што Џобс би сакал да биде, тогаш оваа нумера секако го потсетувала на она што мора да се направи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •