22 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

Заев: Поврат на ДДВ за граѓани од 2020 година!

Kabtel desktop

Повратот на ДДВ за граѓани ќе профункционира во целост дури од 2020-та година, најави премиерот Зоран Заев. Се уште нема законска основа истото да се спроведе во пракса, но Заев најави дека од средината на идната година системот ќе стартува само за најзагрозените категории граѓани.

“Експериментот ќе се однесува на сите граѓани кои се приматели на социјална помош, на сите граѓани кои имаат само еден вработен во семејството, за да можеме навистина, ем државата внимателно да ја поставиме при самиот процес, ем да дадеме шанса во овие 6 месеци за најсиромашните граѓани во државата”, изјави Зоран Заев.

Повратот на 15 отсто од данокот на додадена вредност ќе почне со експериментален период од 1 јули и во зависност од резултатите кои ќе ги покаже проектот, официјално ќе почне да се реализира од 1 јануари 2020 година. Повратот ќе биде лимитиран на 30.000 денари и ќе ги опфати само социјалните случаи, како и семејствата со помали приходи.

-Обезбедивме договор со сите банки за давање бесплатни картички. Дел од банките имаат интерес за електронски систем на наплата. Системот е подготвен и ставен во функција. Иимаме намера да го спроведеме овој проект, но системот мора да биде поставен на вистински начин. Официјално се очекува даночната евазија која ја имаме од воведот на ДДВ до денес, која се движи со намалување, но е поголема од 30 отсто, со повратот на ДДВ да се спречи – рече Заев.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •