21 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Стапува на сила одредбата за единствен дигитален пазар на Европската Унијa 

Kabtel desktop

Одредбата за укинување на геоблокирањето во ЕУ стапи на сила, со што значително ќе се подобри дигиталната трговија, но одредени услуги и производи ќе бидат исклучени од овие одредби

По одложувањето, одредбата на Европската комисија, која ќе се обиде да ја елиминира дискриминацијата на дигиталниот пазар на Европската унија, конечно стапува на сила.

Граѓаните на Европската унија сега без никакви ограничувања и дискриминација ќе можат да купуваат и да користат производи и услуги низ цела територија на ЕУ под истите услови.

Имено, одредбата 30/2018 го укинува т.н. геоблокирање, што значи ќе може слободно да се избираат интернет страниците од каде што ќе се купува, без никакви ограничувања и потенцијални автоматски пренасочувања на локалните линкови на истата страница.

Исто така, се забранува дискриминација на клиентите врз основа на методите на плаќање и веќе не е можно да се нудат различни начини на плаќање врз основа на определена националност или живеалиште.

Дискриминацијата е забранета при продажба на производи кои не бараат физичка достава, услуги кои се доставуваат по електронски пат (cloud услуги, хостинг и складирање на податоци), како и во случај на услугите кои се нудат и се остварливи само во одредени физички локации (на пр. хотелско сместување и изнајмување автомобили во странство).

Сепак, треба да се забележи дека постојат одредени исклучоци каде што геоблокирањето и понатаму ќе биде присутно. Од новите одредби за укинување на геоблокирањето, ослободени се финансиските институции, услугите за транспорт, здравствените институции и сите сервиси кои содржат сопственички содржини (сервиси за стриминг аудио и видео содржини и сервиси кои нудат е-книги).

(Marketing365.mk)

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •