ЕУ постигна договор за забрана за користење пластика за еднократна употреба

- Advertisement -

Европската унија постигна договор за забрана за користење пластика за еднократна употреба како што се пластичните чинии и сламки, објави австриското претседателство. Сојузната австриска министерка за одржливост и туризам, Елизабет Кестингер, во објава на Twitter напиша дека договорот е постигнат и го опиша како првсвртница во напорите да се намали пластичниот отпад.

Ракмовниот договор треба официјално да го потврдат земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент, па се очекува дека ќе стапи на сила за две години отсега. Во мај годинава Европската комисија предложи забрана за користење на низа пластични производи за еднократна употреба, за кои постојат алтернативи кои не се направени од пластика. На тој начин ќе се намали користењето предмети као што се пластичните прибори за еднократна употреба.

- Advertisement -

Повеќе од 80% од отпадт во океаните отпаѓаат на пластиката, наведе тогаш Комисијата. Пластичниот отпад е посебен проблем во светските мориња и океани затоа што бавно се распаѓа и трагите од него често се пронаоѓаа во морските птици и животни кои се пронаоѓаат мртви по плажите како што се желките, китовите и сл., како и во морските плодови кои ги консумираат луѓето.

Сподели!
- Advertisement -