28 C
Skopje
понеделник, август 10, 2020

Facebook развива сопствена криптовалута

UAKS desktop

Facebook годинава ги забрани огласите со кои се поттикнува промоцијата на криптовалуттите, но сепак нема ништо против да заработи од сопствени дигитални пари. Според извори на Bloomberg, најголемата социјална мрежа во светот го развива stablecoin, односно криптовалутата која на корисниците ќе им овозможи трансфер на пари преку апликацијата на Facebook за мобилна енкриптирана комуникација WhatsApp.

Подолго време се очекуваше Facebook да навлезе на пазарот за финансиски услуги откако во 2014 година го вработи поранешниот претседател на PayPal, Дејвид Маркус. Во мај годинава Маркус беше поставен на чело на одделот за блокчеин на компанијата, иако тоа не беше дискутирано во јавноста. Освен тоа, Facebook вработи и 40 други луѓе во тој сектор.

Наводно, stablecoin ќе бидат поврзани со американски долари, а би треба,ло да бидат постабилни и посигурни од биткоин. Bloomberg пишува дека Facebook својата криптовалута најверојатно ќе ја лансира во Индија, со оглед на тоа дека таму има 200 милиони корисници на WhatsApp, што е огромна база, идеална за тестирање на дигиталните пари. Индија има 480 милиони корисници на Интернет и е на второ место во светот после Кина. Таа бројка се очекува да порасне на 737 милиони до 2022 година.

Facebook има 2,5 милијарди корисници на глобално ниво, повеќе од 40 милијарди годишни приходи и поголемо искуство во справувањето со регулаторните прашања, па големи се шансите да направи стабилна криптовалута. Доколку успее во тоа, ќе биде првата голема технолошка компанија која реализирала таков проект.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •