Десет градови кои ќе привлечат најмногу туристи во 2019 година

- Advertisement -

Годината привршува и освен кратки патувања за дочекот на Новата година во некоја од најпосакуваните дестинации со најспектакуларни забави, нема време за нешто друго, но затоа пак идната година има 365 дена кои можеме да ги искористиме за посета на некое место каде што не сме биле никогаш. Ова се некои од градовите кои се очекува да привлечат најмногу посетители во 2019 година.

1.Копенхаген, Данска – главниот град на леденото е незапирлив. Постојано привлекува се повеќе гурмани кои ги сакаат нордиските јадења, урбаните фарми и револуционерните скандинавски менија.

- Advertisement -

2.Шенжен, Кина – Добредојдовте во најиновативниот град во Кина, Шенжен или кинеската Силиконска долина. Привлечени од дизајнот и технолошките иновации, креативците од целиот свет доаѓаат во Шенжен. Претходно познат како евтина алтернатива за бурен ноќен живот за Хонгконг, Шенен сега има одлична сцена за инди музика, кул кафулиња и мал контингент од нови ументички квартови.

3.Нови Сад, Србија – елегантен и едноставен, Нови Сад е новата градина на Србија каде што се одржува фестивалот EXIT, чие 20-то издание се совпаѓа со номинацијата на градот како Европска метропола на младината за 2019 година.

- Advertisement -

4. Мајами, САД – познат по своите убави плажи и бурниот ноќен живот, Мајами одамна ги маѓепсува туристите кои бараат дел од тропскиот рај. Иако магичниот град е полн со турирсти и на зима, изминатите неколку години се трансформираше во центар на уметноста, убавата храна и иновациите во урбаниот дизајн.

5. Катманду, Непал – по земјотресот во 2015 година Катманду израсна од град на урнатини и жал во град кој се обновува и подмладува.

- Advertisement -

6. Мексико Сити, Мексико – главниот град на Мексико е преполн со повеќевековна архитектура и ументички движења. Предхиспанистичките зград се издигнуваат од меката почва додека колонијалните катедрали стојат цврсто како модерни чуда.

7. Дакар, Сенегал – ова е еден од најдинамичните градови во Африка и нуди неверојатна мешавина од сончеви плажи, прекрасни маркети и ноќни клубови во кои може да се лудува до рано утро. Иако има многу што да понуди, многу време го одминуваат туристите. Но, сето тоа ќе се смени затоа што градот се позиционира како нов туристички центар во Западна Африка.

8. Сиетл, САД – паметен, прогресивен и полн со креативна енергија, Сиетл ретко кога е глобален центар. Amazon моментално е нешто по што е напознат. Најголемиот е-трговец цо светот радикално го трансформираше градот и направи елегантен бизнис кварт со своеот седиште.

9. Задар, Хрватска – Задар се издигна од пепелта на своето воено минато и стана космополитски град. Вистинската транформација на Задар може да се види во шеталиштето покрај брегот, каде што локалното население се собира да слуша магична музика.

10. Мекнес, Мароко – градот е познат по своето имеријално минато. Еден од остатоците кои потсетуваат на тоа минато е огромната капија Баб Мансур, преполна со мозаици, која води до поранешниот империјален град.

 

Сподели!
- Advertisement -