22 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Европејците сакаат алкохол – пијат 300 евра по жител!

Kabtel desktop

Според податоци на Евростат, просечниот жител на Европската унија во текот на 2017 година трошел 1,6% од вкупниот буџет на жестоки пијалаци, вино и пиво. Како што се наведува во соопштението, вкупно на алкохолни производи се потрошени 130 милијарди евра, што е 0,9% од БДП на Европската унија или повеќе од 300 евра по жител.

Најголем удел во потрошувачката за алкохолни пијалаци имаат три балтички држави: Естонија (5,2%), Летонија (4,9%) и Литванија (4%). Потоа следуваат Полска (3,5%), Чешка (3,3%), Унгарија (3%) и Финска (2,8%).

Од друга страна, најмал удел во трошоците за алкохол имаат Шпанија (0,8%), Грција и Италија (0,9%), како и Германија, Австрија и Португалија (1,4%).

Како што може да се види од анализите на Евростат, меѓу 2007 и 2017 година трошоците за алкохол пораснале најмногу во Романија – од 2,3% на 2,7%, додека во Бугарија се намалиле од 3% на 1,7%.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •