Кога е најдобро време за објавување на социјалните мрежи?

- Advertisement -

Да се објави или да се не објави нешто на Интернет? Секако дека треба да се објави, но прашање е кога? Кога Ако сте се обидувале да бидете забележани на социјалните мрежи во 2018 година, ова е време за кое најголем дел од истражувачите сметаат дека е најдобро за максимално ангажирање на вашите постови.

Кое е најдобро време за објавување на Facebook?

- Advertisement -

Многу од последните истражувања покажуваат дека ако сакате добра видливост, кликови и коментари на вашата објава, треба да ставите пост на Facebook од 12 до 16 часот. Ова го потврдија 10 од 13 студии. Најдобрите денови за објави на оваа социјална мрежа се среда, четврток и петок. Во петок се оставаат 17% од сите коментари на Facebook, а 16% од сите лајкови и споделувања. Четврток е на второ место.

Кое е најдобро време за објавување на Instagram?

- Advertisement -

Најоптимално време за објавување е во 14 часот. Секој веројатно би помислил кој проверува нешто во 14 часот? Но, така е. Секој става објави на оваа мрежа во текот на денот, така што поверојатно е дека вашата објава ќе биде повзбележителна тогаш. Паузата за ручек или времето за ручек е вистинско време за вклучување на мрежата и тоа не затоа што луѓето тогаш прават селфи, туку затоа што тогаш почесто ги проверуваат своите извори. Најдобри денови се понеделник, среда, четврток и петок.

Кое е најдобро време за објавување на Twitter?

- Advertisement -

Twitter е совршен за ставање содржини кога луѓето завршат со работниот ден. Имајќи го тоа на ум, има смисла најголема активност на Twitter да има напладне, кога за многумина е и паузата за ручек и од 17 до 18 часот, кога завршуваат со работа. Најдобри денови за објави се понеделник, вторник, среда и четврток.

Кое е најдобро време за објавување на LinkedIn?

LinkedIn има најмногу кликови, активности и коментари кога луѓето си заминуваат од работа. Најголем дел од корисниците се вклучуваат на оваа мрежа пред да си заминат дома. Некои од нив ја пребаруваат професионалната мрежа и на почетокот на работниот ден и на паузите за ручек. Најдобри денови за објавување се вторник, среда и четврток.

Сподели!
- Advertisement -