Во Новата 2019 година со нови WE MAKE активности за јакнење на женско претприемништво и зголемена конкурентност на женските бизниси

- Advertisement -

Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата, е атрактивен и повеќенасочен проект за јакнење на женско претприемништво и зголемена конкурентност на женските бизниси

По неговата  успешна имплементација  во изминатата 2018 година, со многуте различни активности, настани и големо влијание во целата земја, успеа да поттикне многу млади девојки и жени, да размислуваат поинаку, да зборуваат гласно за нивните интереси и амбиции, да ги срушат сите предрасуди и стереотипи во поглед на можностите и економската позиција. Проектот се реализира со вклученост на жени и девојки, од осумте плански региони, и ќе трае до април 2019 година.

Организациите спроведувачи, ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени, заеднички спроведуваат голем број на активности, во повеќе модули и фази, во кои се вклучени членките и поддржувачите на Здружението на бизнис жени, се работи со постоечките и нови општествени партнери, со цел да се подобрат можностите на младите жени и девојки, за започнување или раст на своите бизниси, за извоз и поврзување на компаниите во сопственост на жени, во кластер за женско претприемништво.

- Advertisement -

Во периодот март-декември, се одржаа повеќе од 50 промотивни и едукативни настани, како и округли маси и работни состаноци, во сите 8 плански региони, во присуство на повеќе од 700 жени и девојки, како и повеќе од 200 претставници од општините, институциите, локалните и регионалните тела, локалните граѓански организации и бизнис заедницата. Одзивот и приемот беа одлични, на национално ниво, а за тоа зборуваат и бројките на реализираните настани и обуки, и бројките на опфатени учеснички, нивните впечатоци и променети ставови во однос на претприемништво, кариерен раст и поттикнати амбиции.

- Advertisement -

Проектот WE MAKE има и пошироки рамки. Освен снимените 8 кратки филма со успешни жени претприемачки, креирана е и лансирана WE MAKE веб платформа, предвидена за вмрежување, промоција и полесна соработка на жените претприемачки, со можност да отворат свој профил преку кој ќе можат да се промовираат, но и да пристапат до базата на жени претприемачки, ментори, консултанти, онлајн обуки, и сите споделени информации и тековни активности.

- Advertisement -

Мотивирачките филмови може да се најдат и погледнат на YouTube каналот на проектот WE MAKE MK, на следниот ЛИНК. За регистрација на WE MAKE веб платформата за вмрежување, во рамки на проектот, пристапете на следниот ЛИНК

Повелете, пријавете сѐ на WE MAKE веб платформата – за повеќе информации и контакти, за промоција, вмрежување и економско јакнење. Ве очекуваме!

Здружението на бизнис жени со полна пареа продолжува со понатамошна имплементација на проектот. По студиската посета на Хрватска, и состаноците за кластеринг, минатата година, продолжува постапката за формирање на првиот национален кластер за женско претприемништво, по примерот и моделот на кластерското поврзување на женските бизниси  во Хрватска. Во тој правец, беа одржани два, од предвидените три, работни состаноци со жени претприемачки, на тема ланци на набавки, извоз и кластеринг, во Скопје, на 27.12.2018 год. и 30.01.2019 год. Жените претприемачки, присутни на одржаните состаноци изразија интерес за организиран начин на заедничко делување и настап на странските пазари, за поттикнување и олеснување на извозните активности во нивните компании.

Исто така, во рамки на проектот, во Скопје, на 17ти и 18ти Јануари 2019 год., се одржа Стратешка работилница за јакнење на капацитетите на Здружението на бизнис жени, во присуство на проектниот тим од Хрватска и Македонија, како и на дел од членството, кое во изминатиот период е активно вклучено и сака да придонесе за раст и развој на организацијата. Присутните жени и девојки на работилницата говореа за досегашниот изминат пат, во развојот и јакнењето на организацијата, која постои веќе девет години, со намера да се воспостави насока за иден раст, развој и јакнење, редефинирање на целите и стратешки пристап кон идните активности, за подобрено, повидливо и посеопфатно функционирање на здружението.

За подобро реализирање на идните активности и поставените цели на Здружението на бизнис жени, во рамки на проектот, беа предвидени и работни состаноци на Платформата за јакнење на женското претприемништво. Од предвидените 4 состаноци, сите во Скопје, два се одржаа во текот на 2018 година, третиот во месец јануари, 2019 година, а четвртиот се планира за последната недела од месец февруари, оваа година. Состаноците се за организации потписници на меморандумот на Платформата за јакнење на женското претприемништво, и организации кои се заинтересирани да се вклучат во Платформата и следните проектни и пост-проектни активности.

Исто така, во тек се и подготовките за следната активност – тридневен камп за иновативност, на кој ќе присуствуваат жени и девојки, од 8-те плански региона, кои беа вклучени во минатогодишните WE MAKE обуки за СТЕМ / ИКТ / Зелена економија / Социјално претприемништво. Обуката е предвидена за втората половина на месец Февруари, 2019 год., со присуство на претставник од партнерската организација од Хрватска, како и експерт за иновации, исто така, од Хрватска, кој на заинтересираните учеснички ќе им ги објасни процесите на иновативност и нивната примена во бизнис сферата.

Сите заинтересирани лица, понатамошните активности и информации поврзани со проектот, може да ги следат на линковите на проектот WE MAKE:

https://wemake.mk/

https://www.facebook.com/WE-MAKE-Women-Entrepreneurship-for-Competitiveness-180063836052297/

и на фб страната на Здружението на бизнис жени:

https://www.facebook.com/AssociationofBusinessWomenMacedonia/

 

 

Сподели!
- Advertisement -