Хрватската модна компанија Varteks претстави „подвижна продавница“ во посебно опремен автобус

- Advertisement -

Хрватската модна компанија Varteks денеска претстави концепт на мобилна продажба од посебно опремена „подвижна продавница“, која ќе обиколува помали места и ќе ги продава костимите и другите парчиња облека на Varteks

Во автобусите на Varteks ќе може да се проба облеката и да се добие совет од модни советници, а купувачот ќе добие своја фотографија на Whatsapp или на имејл со линк до истото парче облека на веб продавницата. „Значи, доаѓаш дома и со еден клик можеш да ја купиш облеката“, велат од Varteks.

Станува збор за стара идеја во ново руво затоа што Varteks, односно некогашен Tivar имал т.н. амбулантна продажба. Тоа биле мали камионети кои оделе по малите места и продавале костуми на лице место. Во меѓувреме во светот имало два слични обиди, но Varteks тоа го подигнал на ново ниво и ова е нов pop-up дуќан.

- Advertisement -

Од компанијата најавија дека „модабусот“ ќе ги обиколува градовите во цела Хрватска, а првата релација ќе му биде Копривница-Осијек-Вуковар. Главната цел е да се дојде во Вуковар, каде што Varteks претходно имал продавници, а денес ги нема. Најавија и поход на „модабусот“ по островите.

- Advertisement -

Во автобусот ќе има и аутлет со облека која ќе може да се купи на лице место. Идејата им е во помалите места, освен Загреб каде што се одвиваат сите случувања во модата, да се доведат модни настани, да се постави колекцијата на Varteks, а да се понудат и други хрватски дизајнери да ги претстават своите колекции.

Целта е да се рехабилитира Varteks како моден бренд кој продава фантастични костуми со одличен квалитет кои ги испорачуваат на други стокови марки затоа што шијат за нив, но и да се користат најдобрите европски и светски материјали, како и да се понудат атрактивни кроеви.

- Advertisement -

Возниот ред на „модабусот“ ќе биде објавен на посебна страница, на која ќе биде објавен и натпревар за најдобра фотографија од мобилната продавница на Varteks.

Сподели!
- Advertisement -