12.9 C
Skopje
недела, октомври 20, 2019

Нова припејд понуда на Vip – 2GB бесплатен интернет за надополнуваље кредит преку “Мојот Vip”

 

Телекомуникацискaта компанија Vip воведува нова придобивка за своите припејд корисници кои со секое надополнување на кредит онлајн добиваат 2GB бесплатен интернет за период од една недела. Надополнувањето кредит може да се изврши преку мобилната апликација Мојот Vip или преку официјалната веб страница на Vip.

Мобилната апликација Мојот Vip е достапна за Android и за iOS, а покрај опцијата за надополнување на кредит, им дава на корисниците лесен и прегледен увид во корисничките сметки, но и брза активација и деактивација на дополнителни пакети. Покрај мобилната апликација, веб страницата на Vip исто така ја нуди опцијата „Надополни кредит“.

Новата промотивна понуда на Vip е уште еден доказ дека е компанија која постојано се стреми кон усовршување на корисничкото искуство, дигитализација и креирање на понуди согласно потребите на корисниците, односно им овозможува брзо и лесно да стигнат до услугите кои ги нуди компанијата.

Повеќе информации можете да добиете на www.vip.mk

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •