Младиот хрватски претпримач Иван Мрвош најавува продажба на компанијата која прави паметни градски клупи

- Advertisement -

Кога пред една недела угледниот магазин Forbes го стави младиот претприемач Иван Мрвш  на листата 30 луѓе помлади од 30 години на кои треба да се обрнува внимание, ретко кој сфати колкав успех е тоа. Иван има само 23 години и веќе е на чело на успешна компанија која има триесетина вработени, а годинава планира да вработи уште.

Неговата компанија Include ја произведува паметната клупа Steora и ја продава во повеќе од 40 земји во светот, а на пазарот претставија уште една паметна клупа, Monna, која веќе си пронајде купувачи.

- Advertisement -

Во само првиот месец годинава продадоа производи во вредност од околу 150.000 евра и следните мееци ќе бидат исто толку успешни. Треба ли да се споменува дека вредноста на компанијата е проценета на 13,5 милиони евра?

Но, Иван не седи и ужива, туку работи. Како што самиот признава, неговиот работен ден трае по 12 часа. Токму затоа не зачудува неговата најава дека планира да ја продаде компанијата и да оди во пензија.

- Advertisement -

„На 30 години ќе завршам со сите бизниси. Значи, ме чекаат уште шест и пол години и потоа право во пензија“, вели Мрвош.

Сподели!
- Advertisement -