-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Ворен Бафет предупредува – на светот му се заканува мегакатастрофа

Kabtel desktop

На светот му се заканува огромна катастрофа која зад себе ќе остави хаос и човечки жртви, а ќе го раздрма и финансискиот свет, предупреди во својот годишен извештај еден од најпознатите светски инвеститори, Ворен Бафет

 

Бафет не знаe конкретно за каква катастрофа станува збор, но тоа може да биде природна непогода како силен потрес или ураган или нешто што тотално ќе го изненади целиот свет како, на пример, сајбер напад кој ќе остави несогледливи последици и е многу поопасен од она што можеме да го замислиме денес.

Сега кога знаеме каква иднина ни претстои, логично е да прашаме кога ќе се случи po таа мегакатастрофа? Бафет вели дека тоа може да биде утре, но може да биде и за неколку децении. Сигурен е само дека нешто големо, опасно и катастрофално навистина ќе се случи, а Бафет сака да не предупреди на тоа за светот да може да се подготви за такво сценарио. Неговата компанија е подготвена и иако Berkshire Hathaway сигурно ќе претпри голема загуба, веќе наредниот ден ќе може да продолжи со работа.

Business Insider пишува дека меѓу сеизмолозите, геолозите и другите научници расте загриженоста поради таква потенцијална катастрофа, а има две причини за тоа. Има се повеќе докази за човечкото негативно влијание врз климатските промени, додека другата битна работа е напредокот во предвидувањето и моделите на ризици од природните катастрофи.

Така, пред четири години авторката на научни книги Кетрин Шулц предупреди на потрес кој би можел да го уништи северозападниот брег од Северна Америка. Геолошкиот часовник отчукува и сеизмолозите се прашуваат уште колку време ни остана и што ќе направиме кога ќе истече тоа време.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!