Huawei Mate X прогласен за телефон со најдобра конекција во светот

- Advertisement -

На Huawei му беше потребна само една недела за да ја освои првата награда со својот флексибилен телефон Mate X. На Светскиот мобилен конгрес во Барселона овој телефон беше прогласен за телефон со најдобра конекција во светот, а принзнанието го врачи компанијата GSMA, која е организатор на настанот.

Пресуден критериум за наградата освен технологијата Huawei Falcon Wing Mechanical Hinge беше 5G конектираноста, конекцијата со други уреди и машини и SuperCharge технологијата, која овозможува брзо полнење на батериите,

- Advertisement -

Оваа вредна и најпрестижна награда на MWC се доделува за ново претставените или најавени мобилни уреди. Судиите сметаа дека Huawei Mate X покажа најмногу иновации и ја однесе категоријата паметни телефони во сосема нова ера со комбинацијата од екран на преклоп и 5G систем.

„Многу сме возбудени и почестени. Ова е година кога 5G станува сеприсутна на уредите, мрежите и чип сетовите – сето тоа се поврзува онлајн. 2019-та е година кога го менуваме начинот на кој се поврзуваме, донесувајќи нови и неверојатни опции“, изјавија од Huawei.

- Advertisement -

Инаку, Huawei Mate X, најпрвиот 5G телефон на преклоп во светот, го карактеризира флексибилен и издржлив OLED екран, додека чипсетот е Balong 5000, а батеријата има капацитет од 4500 mAh која поддржува и SuperCharge технологија за полнење.

Huawei секоја година инвестира повеќе од 10% од приходите во истражување и развој. Само во 2018 година Huawei инвестираше 15 милијарди долари во R&D и доби дури 87.805 авторизирани патенти. токму тие инвестиции го овозможија револуционерниот раст на Huaweija и пласирањето на најдобрите уреди на пазарот, кои само минатата година беа продадени во повеќе од 200 милиони примероци.

Сподели!
- Advertisement -