7.6 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Најнова листа на Forbes со најбогатите луѓе во светот – Безос повторно на врвот

Kabtel desktop

Нема промена на листата со најбогати луѓе во светoт на магазинот Forbes – основачот на Amazon, Џеф Безос, и понатаму е најбогатиот чоек на светот, пред Бил Гејтс и Ворен Бафет, а Марк Цукерберг падна за три места, додека Мајкл Блумберг се искачи за две места

Според годинашната листа на Forbes објавена вчера, богатството на Безос (55), кој неодамна најави дека се разведува, се зголемило за 19 милијарди долари за период од една година и сега поседува 131 милијарда долари. Безос поседува околу 16% од компанијата Amazon. Тој го продлабочи јазот меѓу него и второпласираниот Бил Гејтс, соосновачот на Microsoft кој стана филантроп.

Богатството на Гејтс, пак, умерено се зголемува и моментално изнесува 96,5 милијарди долари наспрема 90 милијарди минатата година. Третопласиран е инвеститорот Ворен Бафет (88), кој воедно е најстар на листата и неговото богатство се намали за 1,5 милијарди долари изминатата година, па сега поседува 82,5 милијарди долари.

Претседателот на француската компанија LVMH, Бернар Арно, останува на четврто место, додека сопственикот на Facebook, Марк Цукерберг, изгуби околу 9 милијарди долари од богатството и падна од 5. на 8. место. Тој и понатаму е најмлад меѓу топ 10 и се наоѓа зад мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим, Шпанецот Амансио Ортега, кој е основач на Inditex и на Zarа и зад американскиот соосновач на Oracle, Лери Елисон.

Американците и понатаму доминираат на листата – имаат 14 милијардери меѓу топ 20. Франција има двајца свои претставници, Бернар Арно и Франсоаз Батанкур Мејер, која е наследничка на L’Oreal и се наоѓа на 15. место, а е единствена жена меѓу топ 20 најбогати луѓе во светот.

Меѓу неамериканците во првите 20 е и Индиецот Мукеш Амбани, претседател на Reliance Industries, кој се наоѓа на 13. место и Кинезот Ма Хуатенг, претседател на кинескиот интернет гигант Тencent на 20. место.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •