ВИДЕО: Римац во Женева ја претстави новата верзија на суперавтомобилот C_Two

- Advertisement -

Rimac Automobili на годинашниот женевски саем за автомобили изложуваат на уште поголем и атрактивен простор, веднаш до Порше, Ауди и Ламборџини. Главната атракција е доработената верзија на електричниот автомобил C_Two concept, кој е најмоќен автомобил во светот.

Автомобилот за прв пат и беше претставен на јавноста лани на Свесткиот мобилен конгрес во Барселона. Автомобилот целосно се произведува во Хрватска. Има четири електромотори кои развиваат неверојатни 1914 KS и 2300 Nm. Од  0 до 100 км забрзува за 1,97 s, а до 300 км.ч за 11,8 секунди. Батеријата со капацитет од 120 kWh овозможува автономија од 55 км.

- Advertisement -

Испораката на C_Two ќе почне во 2020 година. „Има голем интерес. Не се грижиме за продажбата и колку примероци ќе бидат продадени. Побитно ни е да го развиеме автомобилот до крај“ заклучи Римац.

Сподели!
- Advertisement -