21 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Научниците докажаа дека можеме да го промениме текот на времето

Kabtel desktop

Руски научници од московскиот Институт за физика и технологија со помош на колеги од Швајцарија и САД наоравија нешто што се противи на законите на физиката – со помош на квантен компјутер успеаја да го променат текот на времето.

Користејќи електрони и принципите на квантната механика, истражувачите успеаја да го вратат времето назад. Поточно, кој било кој во тој момент го гледал компјутерот видел дека времето се вратило неколку секунди назад. Ова откритие не само што може да го смени нашето сфаќање и употребата на квантните компјутери и квантната механика, туку и некои закони на физиката.

Иако моменталната техника е прилично комплицирана, истражувачите се надеваат дека таа со тек на време ќе може да се поправи, да стане попрецизна. Во истражувањето објавено во Scientific Reports се наведува дека за спроведување на истражувањето користеле квантен компјутер на IBM.

Раководителот на истражувањето, д-р Горди Лесовик, истакна дека вештачки создале состојба која се развива во правец обратен од тој во кој се движи термодинамиката на стрелката на времето. Во текот на експериментот истражувачите откриле дека ако користат само два кубита (составен ден на квантниот компјутер), постигнуваат успех во дури 85% од случаите. Но, кога ќе додадат уште еден кубит, се појавуваат грешки. Тие се надеваат дека ќе успеат да го доработат алгоритмот за да се опфатат повеќе кубити и да се намали бројот на грешки.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •