Летните олимписки игри во Париз ќе креираат 150.000 работни места?!

- Advertisement -

Летните олимписки игри во Париз во 2024 година би можеле да ja намалaт невработеноста во Франција, јави дописникот на МИА.

Организацискиот комитет на Олимписките игри проценува дека подготовките за Олимпијадата можат да доведат до отворање на 150.000 потенцијални работни места, во периодот меѓу 2021 и 2024 година, пред се во градежништвото, организацијата на настанот и туризмот. Комитетот проценува дека ќе се создадат услови за отворање 11.700 работни места во градежништвото,  78.300 во организацијата, вклучително и обезбедувањето, транспортот и управувањето со отпадот, како и 60.000 работни места во секторот на туризмот.

- Advertisement -

Сепак, Организацискиот комитет потсетува дека овие работни места ќе бидат „на определено време“. Владата во Париз проценува дека поголемиот дел од работните места ќе бидат наменети за француските работници.

Сакам да го направам спротивното од она што беше направено на Олимпијадата во Лондон каде што имаше прилив на работници од странство. Сакам да им се даде предност на локалните жител… Тие ќе бидат обучени оваа година за да бидат оперативни за две години, изјави француската министерка за труд Муриел Пенику.

- Advertisement -

За време на кампањата за изборот на Париз за домаќин на Олимпијадата, беше проценето дека ќе бидат создадени меѓу 119.000 и 247.000  работните места, но за подолг временски период од 2019 до 2034 година.

Сподели!
- Advertisement -