12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Во Хрватска се отвора фабрика за производство на 3Д печатачи

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Поставувањето на соларни панели на покривот на Развојниот центар и технолошки парк Крижевци, како први соларни електрани во Хрватска чија изградба во кампања за групно финансирање ја финансирале граѓаните, го постави малото гратче во центарот на вниманието во Хрватска. Така јавноста дозна и за Крижевскиот претприемнички центар (KPC), односно компанијата која управува со центарот и се занимава со поттикнување на претприемништво.

Центарот, чиј основач и сопственик е Градот Крижевци, на регионаниот самит на 300 најдобри претприемачи од централна и југоисточна Европа во Дубровник доби признание „Креатори за векови“ за придонес во развојот на претприемништвото.

„Наградата ја добивме во исклучително тешка конкуренција и после осум и полмесечен процес на селекција. Беа предложени 411 кандидати од седум земји (Австрија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Норвешка, Словенија и Србија), а освен предложените, посебно беа номинирани уште 112 кандидати. Почестени сме и годи што сме дел од такво елитно друштво, но тоа ни е и голема обврска и понатаму да бидеме еднакво активни“ вели директорот на КРС, Тихомир Ходак.

KPC покрива три градски претприемнички зони, а вклучува 50-ина прептриемачи. Претприемничкиот центар дава и бесплатни советувања и едукација за претприемачите – од технички прашања до советување за пријавување за проекти на ЕУ фондови и национални наптревари, изработка на бизнис планови итн.

Развојниот центар со кој управува KPC кога се отвори во 2016 година беше најглем комплекс од тој тип во Хрватска, со вкупна површина од 8.500 квадратни метри. Уреден е на простор на поранешни воени бараки и има пет згради, од кои четири се од деловно-производствен тип, а една е административна. Бројот на вработени во компаниите во центарот варира – од компании со еден вработен со компании кои за една година пораснале на 15 вработени. Вкупниот број вработени моментално е околу 200 луѓе.

Ходак открива дека им се приклучил претприемач од Босна кој видел дека нивната локација во Хрватска е најдобра за него. Тој ќе се занимава со производство на суплементи во медицината и доработка на медицинска опрема. Друга компанија која им се приклучила е ИТ компанија од Полска која ќе произведува хардвер. Во центарот планираат да произведуваат 3Д печатачи и други компоненти за ИТ индустријата, за што ќе треба квалификуван кадар. Идниот директор на компанијата веќе неколку месеци е на интензивна обука во матичната компанија, а станува збор за млада личност од Хрватска кој завршил машинство и бродоградба и одлучил да остане да работи во Крижевци.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!