Зошто овој брачен пар посади 2 милиони дрвја за 20 години?!

- Advertisement -

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, 129 милиони хектари шума, што е еднакво на површината на Јужна Африка, ги снема од површината на Земјата од 1990-тите години досега. Шумска површина со еднаква зафатнина како Панама се губи секоја година. 15% од емисијата на стакленички гасови доаѓа од сечењето на шумите, а безброј животински и растителни видови ги губат своите домови секој ден. Ова се вџашувачки бројки за здравјето на нашата планета и едноставно не можеме да дозволиме тоа да продолжи. 

Но, што да направиме за да спречиме вакво масовно губење на шумите? За среќа, има поединци со повисока свест кои прават напори оваа ситуација да се промени. Такви се Себастијао Салгадо и Лелија Делуиз Ваник Алгад, брачен пар од Бразил. Фотографот и неговата сопруга заедно со група посветени луѓе да ја преземат борбата против обесшумувањето во свои раце. 

- Advertisement -

Бидејќи мајката природа е упорна и секогаш ќе најде начин да застане на нозе ако и се овозможат услови, тие сите заедно почнале со пошумување. Салгадо е позната личност и ја има добиено секоја можна награда за фотографско новинарство и има издадено десетина книги. Во 1990-тите години тој бил физички и емотивно срозен после сведочењето на геноцидот во Руанда и се вратил дома во Бразил, земја која порано била покриена со бујни дождовни шуми. Бил шокиран која видел дека земјата е соголена и нема диви животни, но неговата сопруга Лелиа верувала дека можат да ја обноват.

„Почвата беше болна и се беше уништено. Само 0,5% од почвата беше покриена со дрвја. Тогаш мојата сопруга доби одлична идеја повторно да ја засадиме шумата. Кога почнавме да го правиме тоа ситр инсекти, птици и риби се вратија назад, а и јас се преродив“ изјави Салгадо за The Guardian.

- Advertisement -

Себастијао и Лелиа го основаа институтот Instituto Terra, мала организација која оттогаш досега има посадено 4 милиони дрвца и ја врати шумата назад. „Можеби имаме решение. Едно единствено живо битие може да го претвори јаглерод диоксидот од воздухот во кислород – дрвото. Мораме да ја засадиме шумата. Ни требаат шуми со дрвја и мора да ги собереме семињата за да ги засадиме или змиите и термитите нема да се вратата назад. Ако садите шуми кои не припаѓаат таму, животните нема да се вратат назад и шумата ќе остане празна“ објасни Салгадо.

Тие се погрижиле се што некогаш растело во уништената шума да биде вратено назад и сега таа област за период од 20 години повторно е бујно зеленило. Животните се вратиле и таму каде што имало само тишина сега се слуша пеење на птици и цривкање на инсекти. Вкупно се вратиле 172 видови птици, 33 видови цицачи, 293 видови растенија, 15 видови влекачи и 15 видови водоземци.

- Advertisement -

Проектот инспирираше милиони луѓе давајќи им пример за позитивна еколошка акција и им покажа колку брзо може да се поврати животната средина ако се заземе правилен став.

Сподели!
- Advertisement -