Kампањата на Иван Мрвош на Funderbeam за само шест дена стана најуспешна кампања на глобално ниво

- Advertisement -

Шест дена по стартувањето на втората кампања на платформата за групно финансирање Funderbeam SEE, компанијата Include на младиот претприемач Иван Мрвош собра износ од 1,22 милиони евра, што значи дека кампањата на Include е најголема досега на Funderbeam на глобално ниво.

Директорот на Funderbeam SEE, Дамир Биќаниќ, комeнтираше дека Мрвош со Include повторно ги соборува рекордите на платформата. „Во првата кампања собраа тогаш најголем износ на Funderbeam, а иако во меѓувреме собраните средства пораснаа, повторно за само шест дена собраа повеќе отколку која било друга кампања на платформата на глобално ниво“ вели Биќаниќ.

- Advertisement -

По првата успешна кампања, која во 2017 година на Funderbeamu SEE, собраа 465,000 евра, овој пат во само шест дена ја исполнија првата цел на кампањата и собраа неверојатни 1,2 милиони евра, а инвеститорите и понатаму имаат прилика да се приклучат за остварување на целта од 2 милиони евра.

Многу сме задоволни што за само шест дена стигнавме до првата цел. Мислам дека тоа, но и вкупно 290 инвеститори од 21 држава се показател дека навистина работиме одлично. Верувам дека износот во текот на идните денови дополнително ќе расте, иако уште сега сме најуспешна хрватска crowdinvesting кампања на платформата“ изјави Иван Мрвош.

- Advertisement -

Глобална интернет платформа Funderbeam овозможува поврзување со 200.000 приватни компании и 17.000 инвеститори низ Европа.
Македонија преку Македонска берза е прва земја од регионот на Западен Балкан, која има пристап до оваа платформа  која функционира преку принципот на креирање кампањи за собирање средства, познати како crowd funding.

Сподели!
- Advertisement -