Пустинска фарма одгледува храна само со помош на сончевата светлина и морска вода

- Advertisement -

Sundrop Farms е глобален лидер во одржливо земјоделство, одгледување свежо овошје и зеленчук користејќи само обновливи ресурси. Ако сте традиционален земјоделец, ќе ви треба многу вода и енергија за да одгледувате продукти. Проблемот е во тоа што тие ресурси се ограничени и стануваат се поретки. Решението на оваа компанија од Австралија е да не ги користи тие ресурси.

Компанијата не вади вода од земјата, не се потпира на фосилни горива и не користи почва и други вредни земјоделски површини. Наместо тоа, има развиено технологија која ја интегрира соларната енергија, генерирањето електрицитет и хидропоника и произведува исто толку храна колку со традицоналните методи, но со значително подобар квалитет.

- Advertisement -

Тие ја користат енергијата од сонцето за да произведат свежа вода за иригационите системи, а потоа со таа вода произведуваат струја со која ги напојуваат стаклениците и ги разладуваат растенијата. И нивниот систем за вентилација користи морска вода за разладување на стаклениците, која потоа се реупотребува.

Првата фарма ја отвориле во Порт Аугуста, Австралија во 2010 година. Тој регион нема свежа вода, нема пасишта и има сурова клима.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -