1.6 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Канада ќе ја забрани пластиката за еднократна употреба до 2021 година

Kabtel desktop

Канада е последната земја која го следи примерот на Европската унија за забрана на пластиката за еднократна употреба и исто така си зададе амбициозна цел да ја исфрли пластиката за еднократна употреба до 2021 година. Премиерот Џастин Трудо ја најави забраната, за која се уште не се познати деталите. Најавата доаѓа неколку месеци пред изборите наесен, во кои политичките експерти очекуваат климатските промени да бидат главната сцена на која ќе се одвива битката.

Помалку од 10% од сета пластика во Канада се рециклира, а 300 милиони тони пластика се фрлаат на годишно ниво. Стапката на рециклирање е слична како во САД, кој е најголемиот консумент на пластика во светот, а рециклира само 9% од таа пластика. Во секое ќоше од планетата Земја пластиката допира со океаните и прави хаос во морскиот свет.

За подобро да им објасни на своите сожители Трудо објасни дека сега кога одиме со децата на плажа мора да бараме место каде што нема сламки, стиропор или шишиња и дека тоа е проблем на кој мора да му се стави крај. Допрва од владата треба да објават точно која пластика ќе биде забранета, но на листата сигурно ќе се најдат пластичниот прибор за јадење, сламките, чиниите, пластичните садови за брза храна, кесите итн. Во Европската унија пластиката за еднократна употреба ќе биде забранета во 2021 година.

Забраната во Канада ќе ги засегне и компаниите кои прават големи количини пластичен отпад, кои ќе бидат одговорни и ќе мора да почитуваат одредени таргети и да планираат како да менаџираат со отпадот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •