25 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Вештачка интелигенција ќе им кажува на родителите зошто плачат бебињата

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Плачењето на бебето значи дека нешто не е во ред, но на загрижените родители им е тешко да претпостават точно што е проблемот. Група американски научници разви систем со вештачка интелигенција кој може да разликува кога плачењето е предизвикано од глад, кога од желба за телесен контакт, а кога е поврзан со болест.

Родителите често успеваат да го интерпретираат плачот на бебето затоа што секој плач има одредени заеднички карактеристики кои родителите свесно или несвесно ги препознаваат. Иако идентификувањето на какофонијаѕа во детскиот плач било претешко и за научниците, најновите апликации со вештачка интелигенција нудат решенија.

Резултатите од истражувањата заедно ги објавија Институтот за електроинженеринг  и Кинеското здружение за автоматизација. Нивниот систем користи алгоритми за автоматско препознавање на говор, кои ги користат и компаниите како Google и Amazon за да препознаат и да интерпретираат различни карактеристики на плачот на бебињата.

Како и во некој јазик, во звуците на плачот постојат многу информации врзани за здравјето, велат научниците. За да ги препознаеме и да ги искористиме тие информации треба да издвоиме обрасци за плачење и од нив да ги извлечеме информациите. Крајната цел се поздрави бебиња и помал притисок врз родителите и негувателите. Моментално бараат соработка со болници и центри за медицински истражувања и се надеваат дека ќе имаат производи за клиничка употреба.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •