10.3 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

Urban се јакни направени од пластични шишиња

Kabtel desktop

Лондонскиот дизајнер Али Намдари во една пригода кога заврнало додека со велосипед си одел дома побарал модерна и корисна јакна. Не успеал да најде јакна која била ем модерна ем корисна и одлучил самиот да направи такви јакни.

Идејата за храбрите принтови на на јакни кои може да се носат во секоја пригода и истовремено да ве заштитат од дождот наиде на огромна поддршка за кампањата на Kickstarter, која собра повеќе од дупло од првичната цел. Но, не се само живите бои кои ги привлекоа купувачите туку замислата на дизајнерот Urban Jacket да бидат направени етички и од одржливи материјали.

Компанијата на Намдари, Labo Mono користи повеќе од 30 рециклирани пластични шишиња за изработка на секоја јакна. Од компанијата велат дека не само што му даваат нова цел на пластичниот оитпад, туку значително се намалува потрошувачлата на вода, на енергија и емисијата на јаглерод диоксид при производниот процес.

Labo Mono исто така барале алтернатива за традиционалниот водоотпорен материјал познат како PFC, кој ја загадува водата, животната средина и го доведува во опасност живиот свет на Земјата. Целта на компанијата е да се понуди тренди опција која ќе има функционален дизајн. Така, Urban јакните се водоотпорни, имаат дискретни патенти кај пазувите, имаат големи џебови, качулка која може да се стави и преку кацига, подолг заден дел за заштита од дождот што прска, рефлективни елементи и направени се од материјал кој овозможува дишење на кожата. 

Компанијата бара партнери кои ја споделуваат нивната филозофија за етичка работа. Така, тие најдоа фабрика во Кина која е специјализирана за облека и германски производител кој произведува посебен водоотпорен финиш материјал кој може да се стави над материјалот од Urban Jacket.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •