6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

УЈП со пулт за информации за „Мој ДДВ”

Kabtel desktop

Управата за јавни приходи денеска попладне ќе постави пулт „Мој ДДВ“ во Веро 2 Тафталиџе во Скопје, каде граѓаните ќе можат да се информираат за мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ.

Вакви промоции на „Мој ДДВ“ во наредниот период ќе се случуваат во повеќе градови низ државата, најави УЈП.

Инаку, мерката веќе е достапна и за iPhone. На 36 места во организациските единици на територија на целата држава се поставени и киоск апарати, баркод читачи и паметни мобилни телефони преку кои УЈП ќе им овозможи на граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки.

Фискалните сметки со износ од 30.000 денари, како и невалидните фискални сметки, односно компјутерските сметки апликацијата „Мој ДДВ“ нема да ги прифати, ниту преку скенирањето од мобилен телефон, киоск апарати или баркод читачи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •