4.1 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2020

Huawei претстави телефон со скриена предна камера

Kabtel desktop

Huawei го лансираше паметниот телефон P Smart Z со екран од раб до раб и поп ап камера. Со преместување на селфи камерата од предната страна во поп ап камера овозможено е екранот да заземе дури 91% од предната страна на телефонот. Таквата иновација и тоа како е битна за гејмингот, но и гледањето на мултимедијални содржини на уредот.

Со Full HD+ резолуција од 2340 X 1080, екранот Huawei P smart Z му ги пренесува и најситните детали на корисникот, додека широката палета од бои од 85% произведува и богата и живописна целина. Екранот е опремен со функција која ја филтрира штетната сина светлина за да се спречи напрегање на очите и замор,

Селфи камерата повеќе не се наоѓа на предната страна на уредот туку е скриена во горниот дел од телефонот. Кога ќе се активира камерата, таа автоматски се појавува и излегува над екранот. Потребна е само една секунда да се појави или да се повлече, а тестовите потврдуваат дека поп ап објективот може да издржи оптеретување од дури 100.000 отворања и затворања без страв од оштетување.

Huawei оваа камера ја збогати со интелигентна функција за заштита од пад, која автоматскки детектира кога телефонот е во слободен пад и потоа се вовлекува објективот во најголема можна мера, со што се намалува можноста за кршење на поп ап камерата.

Селфи камерата Huawei P smart Z поддржува вештачка интелигенција за автоматско препознавање на осум вообичаени кадри. Камерата има 16MP и отвор на блендата F/2.0, кој беспрекорно го подесува осветлувањето и позадината на портретите. Исто така, предната камера поседува подобрена технологија за вештачка интелигенција кога станува збор за позадинското осветлување, алгоритам за разубавување на лицето и 3Д портретни светлосни ефекти.

Што се однесува на задната страна, Huawei P smart Z доаѓа со двојна камера 16 MP + 2 MP. Главната камера од 16 MP содржи 6P дизајн кој снима повеќе фотони, притоа зголемувајќи ја бистрината и контрастот. Отворот на блендата на примарната камера е F / 1.8, што овозможува побрзо фокусирање и поефикасно управување со шумот. Освен тоа, камерата од 2 MP и помага на примарната камера во создавањето реалистична длабинска острина на фотографијата.

Huawei P smart Z е опремен со чипсет 12 nm Kirin 710F кој овозможува високи перформанси и максимална енергетска ефикасност. Батеријата има капацитет од 4000 mAh и во соработка со вештачка интелигенција и чипсетот Kirin 710F дава оптимална ефикасност и долготраен век на овој телефон со олку моќни перформанси.

Телефонот доаѓа со оперативен систем Android и EMUI 9 на Huawei, кој ги има најновите технологии F2FS 2.0 и EROFS за чистење на предмеморијата и фрагменттие од системот, со што се зголемува просторот за складирање и се одржува телефонот. Има 4 GB работна и 64 GB меморија за складирање.

Huawei P smart Z е достапен во боите полноќно црна, сафирно сина и змарагдно зелена по препорачана цена од 279 евра.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •