20 C
Skopje
сабота, мај 30, 2020

ZTE го претстави првиот 5G смартфон за кинескиот пазар

Kabtel desktop

ZTE стана првиот производител на смартфони во Кина кој претстави 5G телефон. Станува збор за телефонот Axon 10 Pro 5G, кој беше најавен уште во февруари на Светскиот мобилен конгрес. Телефонот има 1080p AMOLED екран од 6,47 инчи и еден од модемите X50 5G на Qualcomm од првата генерација за да може да се конектира на идната 5G безжична мрежа во Кина.

Иако купувачите во Кина ќе можат да го купат Axon 10 Pro 5G, тие сепак нема да имаат пристап до 5G мрежа се до октомври годинава, кога China Mobile ќе ја стартува таа услуга комерцијално. Од China Mobile се надеваат дека со 5G мрежата ќе бидат покриени повеќе од 50 градови до крајот на оваа година. Уште два кинески провајдери, China Telecom и China Unirom, добија лиценци за комерцијална 5G мрежа.

ZTE успеа да го претрка ривалот Huawei и на домашниот пазар прв пласираше 5G уред. Mate 20 X 5G на Huawei се очекува да биде претставен на 16 август во Кина, иако уредот веќе стигна и во некои други земји како Велика Британија. Кинеските производители OnePlus и Oppo веќе имаат 5G уреди во други земји.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •