Научници од Универзиттетот Калифорнија во Сан Диего направија прототип на паметни контактни леќи кои можете да ги управувате со движењата на окото. Така, на пример, можете да зумирате ако трепнете двапати. Биометричките леќи се направени од растеглив слој полимер кој реагира на електричните сигнали кои ги создаваат вашите очи додека се движат. Луѓето можат тие електроокулографски сигнали, како што ги нарекуваат, да ги емитуваат дури и додека спијат затоа што е доволно да може да се движи очното јаболко.
Проектот е во раните фази од развојот. Прототипот функционира само ако се користи посебна опрема, а луѓето при тестирањето мора да постават низа електроди околу своите очи. Но, научниците се надеваат дека нивниот изум ќе овозможи изразботка на нови протези, прилагодливи очила со диоптер и роботи со кои ќе може да се управува на далечина.