4.3 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Столче за бебиња ги имитира движењата на рацете на родителите

Kabtel desktop

mamaRoo  е столче/седиште за бебиња на компанијата 4Moms кое ги имитира природните движења на рацете на родителите кога ги нишкаат. Сите знаете колку е тешко да се смират бебињата кога ќе почнат да плачат и кога конечно ќе го откриете нишкањето кое ги смирува и успива, ви се чини дека повеќе не ги чувствувате рацете затоа што го правите истото по цел ден или ноќ.

Но, изгледа дека некој мислел на вас и вашата мака. Столчето mamaRoo имитира пет различлни начини на нишање. Едниот е горе-десно-долу-десно или слично на движење на кола. Другото е како скокање на кенгур, третото е  нишкање горе-долу-горе во форма на лак и во обратна насока. Последното е комбинација од тие две, односно нишкање во форма на круг.

Внатрешноста на столчето е обложена со тул за на бебето да не му биде премногу топло. Уредот mamaRoo преку Bluetоoth се поврзува со вашиот смартфон и оттаму контролирате се: начинот на нишање, брзината на нишање, музиката која ќе свири додека го ниша бебето и јачината на музиката.

Infant seat that replicates natural motions of parents

This infant seat bounces up and down and sways from side to side, just like parents do. Get yours here: https://amzn.to/31ksDfn

Posted by Startup Selfie on Четврток, 01 август 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •