10.1 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Е-училница Топ 10 инспиративни (авто)биографии од Литература.мк

Топ 10 инспиративни (авто)биографии од Литература.мк

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Ниту еден голем човек не живее залудно. Историјата на светот е биографија на големите луѓе, спакувана во две корици. Животните приказни на познатите луѓе, без разлика дали се напишани од нив самите или, пак, од друг автор, секогаш се интересни за читање. Иако често страниците се прекратки за да се раскажат сите важни моменти, а зборовите се премалку за да се опишат размислувањата и чувствата на реалните луѓе, сепак книгите се добра платформа за доближување на историски-важните моменти до пошироката публика. (Авто)биографија е литературно-документарна творба создадена врз основа на веродостојни документи и податоци за животот и работата на некоја личност.

Почнувајќи од светскиот бестселер „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама, преку сеќавањата на Черчил,  Тесла и Џон Клиз, па сè до животописите за Фројд, Џон Кенеди, Вуди Ален, „Битлси“ и Бернштајн, ви ја претставуваме листата со топ 10 (авто)биографии  во издание на „Арс Ламина“, кои ги препорачуваме да ги прочитате. Меѓу нив се спортските стории на познатиот македонски новинар и коментатор, Зоран Михајлов.Притоа, додека читате, не заборавајте да си обезбедите нотес, за забележување на најинтересните мисли и ставови на овие влијателни личности од областа на политиката, науката, уметноста и шоу-бизнисот. Тие може да ви го сменат или подобрат светогледот.

Книгите се достапни во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40 . А може да се нарачаат и онлајн, преку literatura.mk.

 

1. „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама

Автобиографската книга „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама, која урива рекорди во светски рамки, со продадени над 10 милиони копии, и е на добар пат да стане најпродаван мемоар на сите времиња – е една од најбараните книги на годинашниот Саем на книгата. Мемоарите на г-ѓа Обама се објавени на 30 јазици, меѓу кои и на македонски. Македонскиот издавач – „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја објави книгата на нашиот пазар, само неколку месеци по објавувањето во САД. Книгата е поделена во три дела: „Како настанав јас“, „Како настанавме ние“ и „Како настанавме уште повеќе“, а во нив пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

2. „Черчил: моќта на зборовите“ од Винстон Черчил (уред. Мартин Гилберт)

За време на неговата државна служба, од која поголем дел ја има поминато на светската сцена, Винстон Черчил ја разбра и ја употреби моќта на зборовите. Во неговите говори, книги и во весниците и списанијата тој брилијантно ги артикулираше своите мислења и ја изложуваше неговата визија за иднината. Особено неговите записи и говори за време на војната со нивниот моќен наративен стил и промислена рефлексија, ги фасцинираа многумина од следните генерации и беа инспирација за нив. Во својата книга, Мартин Гилберт вешто има избрано 200 извадоци од целосниот корпус книги, написи и говори на Черчил, што суштински ја одразуваат неговата животна приказна, неговата кариера и филозофија. Изборот се движи од спомени за неговото детство и школувањето, до неговите придонеси кон повеќе од педесетгодишните дебати за социјалната политика, војната и уредувањето на еден подобар свет по 1945 година.  Тука гледаме како тој моќно ги користи зборовите за различни намени: да дебатира за морални и политички причини, да се застапува за насоки на дејствување во општествената, националната и интернационалната сфера и да ја раскаже приказната за својот живот.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

3.„Моите изуми“ од Никола Тесла

Малку луѓе во историјата дале толкав придонес кон погодностите на современото секојдневие како Никола Тесла. Неговите дела овозможиле електричната енергија да допре до сите катчиња на нашата планета, а нејзината примена да експлодира во безброј области на човековиот живот – процес кој речиси незапирливо продолжува долги години по неговата смрт. Оставината на Тесла е богата, секогаш актуелна и неисцрпен извор на инспирација.  Но, и покрај тоа што влијанието на Тесла е толкаво што е речиси невозможно да се исцрпат епитетите, неговата застапеност во јавниот дискурс е изненадувачки мала, особено во западната културна сфера. Оваа автобиографија дава увид во фасцинантниот внатрешен свет на еден од најголемите гении, но притоа на разбирлив јазик зборува и за техничката природа на неговите изуми. Правејќи го тоа, Тесла на посреден, но уверлив начин ни ја презентира својата визија за еден подобар, поправичен и помирен свет, чија благосостојба не е нуспроизвод на борбата за профит, туку е резултат на искрената, автентична желба за подобар живот на сите, без очекување награда.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

4. „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од Зоран Михајлов

„Спорт, живот, настани“ не е само носталгична збирка од напишани спомени на истакнатиот и светски признаен спортски новинар и коментатор, Зоран Михајлов. Уште повеќе, оваа книга е паметник на успесите на македонските спортисти, на нивниот натчовечки влог во постигнувањето резултати вредни за светската почит, во поединечните и во групните спортови. Благодарение на неговиот професионален повик, Михајлов изворно ги пренесува случувањата од спортските борилишта, осврнувајќи се и на историските контексти што оставиле траен печат во домашната и во светската спортска историја. Па, така, оваа книга ќе потсети на многубројните доживувања, на блесоците и падовите, на некои афери без кои како да не се може, на контактите со светските асови, на немилите настани, како минхенската олимпијада во 1972 година, на олимпијадите на кои македонските спортисти ги освоија првите медали.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

5.„Фројд, биолог на умот: зад легендата на психоанализата“ од Френк Џ. Саловеј

Во оваа монументална интелектуална биографија, Френк Саловеј покажува дека Фројд секогаш, и покрај одрекувањата, бил еден „биолог на умот“ и дека неговите најкреативни инспирации навистина во огромна мера црпат од биологијата. Саловеј ги анализира политичките аспекти на сложениот мит за Фројд согледан како „психоаналитички херој“ кој му служел на зацврстувањето на аналитичкото движење. Оваа книга претставува револуционерна повторна процена на Фројд и на психоанализата.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

6. „Битлси“ од Хантер Дејвис

Во текот на 1967 и 1968 година, Хантер Дејвис поминува 18 месеци со „Битлсите“ додека тие се на врвот на нивната кариера, претставувајќи го бендот кој обликувал една генерација, создавајќи популарна музика. Како единствен нивен авторизиран биограф, тој имал ексклузивен пристап – не само до Џон, Пол, Џорџ и до Ринго туку и до нивните пријатели, семејството и до соработниците. Дејвис насобрал изобилство од лични, приватни материјали, кои откриваат многу за нив и кои ја сместуваат оваа книга во групата класици, која едноставно мораат да ја прочитаат и другите биографи. Останувајќи близок со бендот во текот на годините, Дејвис има пристап до информации што ги вклучува последователно во поновите изданија. Ова издание е осовременето со нов материјал за солистичките кариери и за животите на „Битлсите“, како и со приказни за многу други луѓе кои се појавуваат во книгата. Со додаток на еден новопронајден текст на Џорџ Харисон и со мементо мори за починатите членови, ова издание го раскажува сето она што е досега познато за најголемиот рок-бенд во историјата.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

7. „И така, ви велам…“ од Џон Клиз

Автобиографијата на Џон Клиз, И така, ви велам…, е сето она што се очекува од нејзиниот автор – луцидна, промислена, провокативна и пред сè – забавна историја за тоа како едно високо, срамежливо момче од Вестон-супер-Мер стана своевидна легенда.

Во овој интензивен и реномиран мемоар, Клиз ги води читателите на една голема турнеја низ неговиот подем во светот на шоу-бизнисот поаѓајќи од скромните почетоци во сонливиот роден град и раните комични денови на универзитетот Кембриџ (во друштво на идниот партнер во славните „Монти Пајтон“, Греам Чепмен) до основањето на прочуената комична група што ќе му донесе светска слава.Низ изненадувачки приказни и смешни дигресии со кратки попатни поетички паузи за тоа што е смешно, според една своја издржана дефиниција, и зошто е така, Клиз ја раскажува личната метаморфоза од млад комичар во мајстор на изведбата.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

8. „Непокорниот живот на Вуди Ален“ од Мерион Мид

„Непокорниот живот на Вуди Ален“ е првото независно истражување на животот на еден од најславните, исклучителните и восхитувачки филмски режисери на нашата ера. До оваа книга, малку нешта од животот на Вуди Ален испливуваат на површина во јавноста. Причината е тоа што Вуди ги смета биографите за ебола, за опасни, неконтролирано заразни штетници по неговото професионално постоење. Исклучителните постигнувања на овој уметник се неспоредливи во кинематографската историја. За обожавателите, неговите филмови секогаш претставуваат тековна автобиографија, преку кои тој ја соголува пред светот својата себеомаловажувачка, преаналитичка душа.
Мерион Мид успева да стапи во контакт и да реализира интервјуа и разговори со луѓе блиски на Вуди Ален, а кои дотогаш биле недостапни за неговите биографи: маалски другари, соседи и наставници од Бруклин, колегите Бади Хакет и Мел Брукс од времето кога Ален работи како стенд-ап комичар и телевизиски сценарист, актерите Морин Степлтон, Макс фон Сидов и Боб Хоуп, режисерот Сидни Полак, филмските критичари кои со децении ја следат неговата работа – Винсент Канби, Роџер Еберт, Стенли Кауфман, Ендрју Сарис и Џон Сајмон. Исто така, таа издвојува многубројни примери од неговото дело, според кои уметноста го имитира животот, особено поврзани со сагата зад бракот со посвоената ќерка на неговата долгогодишна љубов, Миа Фароу.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

 9. „Кенедиевиот половина век“ од Лари Џ. Сабато

Џон Ф. Кенеди почина пред повеќе од половина век. Сепак, заради големите ветувања и прераната смрт, неговиот лик и делото сè уште се актуелни. Познатиот политички научник и аналитичар Лари Џ. Сабато – кој во времето на Кенеди бил тинејџер воодушевен од тогашниот претседател – го истражува фасцинантното и огромно влијание што Кенеди го извршил врз медиумите, јавното мнение, како и врз деветте претседатели кои дошле по него. Анкетите на јавното мислење во САД непрестајно сугерираат дека јавноста му дава на Кенеди повисоки оценки отколку на кој било друг претседател по него. За нив, но и за оние што сметаат дека Кенеди ни би бил толку влијателен кога не би бил жртва на атентат, оваа книга е ризница на нови перспективи. Сабато го истражува убиството повикувајќи се на досега необјавени документи. Еднакво возбудливо, Сабато уверливо покажува како Џон Ф. Кенеди влијае врз политичките одлуки во САД, но и на остатокот од светот, многу децении по неговата смрт.

Книгата е достапна за нарачка  на следниот линк.

10.„Леонард Бернштајн“ од Хемфри Бартон

Каква ли предност имав пред кој било друг конвенционален биограф! Дискретно ја сокривав сопствената блискост со Леонард Бернштајн, ограничувајќи се на фусноти во стилот „Авторот бил присутен во таа пригода“, меѓутоа како негов постојан соработник, дваесет и пет години бев интимно поврзан со Бернштајн и со неговите светови. Најмалку што можев да сторам за да му се одолжам на некој начин по неговата смрт беше да напишам негова биографија. Целта ми беше да создадам еден заокружен портрет на неговиот творечки и личен живот. Тој беше човек за кого музиката беше постојана, опсесивна нужност, сеедно дали како композитор, диригент, едукатор, пијанист или како писател. Во рубриката „професија“ од својот пасош се опишуваше себеси со еден збор: „музичар“. Музиката навистина беше неговиот живот, но неговиот живот беше многу повеќе отколку само музика.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •