4.1 C
Skopje
четврток, декември 5, 2019

Huawei го претстави првиот уред со својот нов оперативен систем Harmony OS

Kabtel desktop

Откако минатата недела официјално ги потврдија информациите за оперативниот систем кој го развивале неколку години и кој би требало да го замени Android ако продолжат проблемите со САД, вчера беше претставен првиот уред на кинеската компанијата кој работи на новиот систем Harmony OЅ. Наспроти сите очекувања, не станува збор за паметен телефон, туку за паметен телевизор на Huawei кој го носи името Honor.

HarmonyOS е модуларен оперативрн систем кој е наменет за голем број уреди, па во иднина освен на телевизори и телефони, можеме да очекуваме и преносни гаџети, компјутери, паметни звучници, бројни други IoT уреди, па дури и автомобили чии компјутери ќе работат на Harmony OS.

Паметниот телевизор Нonor е достапен во две верзии – моделите Vision и Vision Pro. И двата уреди доаѓаат со 4K резолуција, имаат поддршка за HDR и екран од 55 инчи, а имаат и вграде осмојадрен процесор на Huawei. Телевизорите се прилично тенки, односно како и модерните паметни телефони имаат минимален раб околу екранот, додека камерата која се наоѓа во моделот Pro е сокриена и излегува само кога имаме потреба односно во текот на видеоразговор.,

Интересно кај новите уреди Honor е моижноста да се поврзат со телефон, за што е доволно само да се приближи далечинскиот управувач до смартфон. Исто така, освен што на телевизор може да се прикажуваат содржини од телефон, мобилните телефони Honor можат целосно да го заменат далечинскиот управувач и со нив да се контролира телевизорот.

Разликата меѓу обичниот модел и моделот Pro е во просторот за складирање податоци – Vision има 16, а моделот Pro има 32 GB меморија, по поп ап камерата со Full HD резолуција која е достапна само на моделот Pro и по бројот на звучници (Vision има 4, Vision Pro има 6 звучници).

И двата модели веќе идната недела ќе се најдат во продажба во Кина по цена од околу 540 долари за Vision, односно околу 680 долари за Vision Pro, а моментално не е познато дали ќе се одлучат за ширење на други пазари или овие телевизори ќе може да се купат само во Кина.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •