Најбогатото семејство во светот за една минута заработува 70.000 долари

- Advertisement -

Најбогатото семејство во светот, семејството Волтон, заработува 70.000 долари секоја минута, пишува Blооmberg. Тоа значи дека за еден час ќе заработат дури 4,2 милиони долари, а во истото време утре ќе бидат побогати за 100 милиони долари. Семејството Волтон се сопственици на најпознатиот американски малопродажен синџир Walmart и моментално располагаат со нешто повеќе од 190 милијарди долари.

Тоа е 39 милијарди долари повеќе токолку во јуни минатата година. Меѓу членовите на семејството Волтоин најбогати се браќата Џим и Роб, чие богатство се проценува на по 48,8 милијарди долари, а веднаш зад нив е нивната сестра Елис со 48 милијарди долари.

- Advertisement -

Лукас Волтон, син на третиот брат Џон, кој почина во 2015 година, располага со богатство од 16,7 милијарди долари. Ен Волтон Кроенке и Ненси Волтон Лори, ќерки на соосновачот на Walmart, Бад Волтон, имаат по околу 6 милијарди долари, исто како и вдовицата на Џон Волтон, Кристи Волтон.

Сподели!
- Advertisement -