Топ листа на најпосакувани работни места во САД

- Advertisement -

На платформата на Glassdoor каде што вработените можат анонимно да го споделуваат своето искуство во компаниите, беше објавена листа на најдобри работни места во Америка за 2019 година, откривајќи дека работните места кои нудат можности за кариера не се ограничени само на технолошкиот сектор. На листата беа вклучени и секторите финансии, здравствена заштита и маркетинг.

Даночните директори имаат најатрактивни можности за кариера, велат вработените на таа позиција. Тие имаат просечна годишна плата од 112.021 долар. Според авторите на извештајот, со продорот на технологијата во финансиските услуги, на даночните директори им е овозможено да одржуваат поблиски односи со своите клиенти.

- Advertisement -

Авторите на извештајот користат податоци за просечната годишна плата во текот на изминатата година и понудија повеќе од 2.000 работни места. Вработените ги рангираа своите работни места на скала од 1-5, каде што највисоката оценка е ставена таму каде што има можност за најголем напредок.

Зад даночните директори, на листата на најпосакувани работни места се најде позицијата програмер во компанијата Salesforce (81.721 долари годишно со 3.193 отворени позиции), а потоа и продукт дизајнер (102.054 долари годишно со 2.045 отворени позиции), стратешки менаџер (142.328 долари годишно со 3.131 отворени позиции), менаџер за човечки ресурси (84.700 долари годишно со 4.351 отворени позиции), ревизори (102.521 долари годишно со 3.050 отворени позиции) и аналитичари на податоци (110.160 долари годишно со 6.789 отворени позиции).

- Advertisement -

Инаку, професија аналитичар на податоци веќе четврта година по ред се најде на листата на најдобри работни места.

[quote]Примањата на директор во САД се за 278 пати поголеми од примањата на вработените[/quote]

Директорите на највисоки позиции во американските компании се платени 278 пати повеќе од нивните вработени, според студијата во Вашингтон од Институтот за економска политика (ЕПИ).

- Advertisement -

Просечната заработка на извршните директори во 350 најголеми американски компании во 2018 година изнесувала 17.2 милиони американски долари годишно. Разликата во платите на директорите и обичните работници никогаш не била поголема и продолжува да се зголемува.

Студијата наведува дека разликата помеѓу примањата на генералните директори и обичните работници во 1965 година била 20 спрема 1, а во 1989 тој јаз се зголемил на 58 спрема 1. Од 1978 до 2018 година, платата на извршниот директор се зголемила за 1.007 проценти, додека платите на обичните работници се зголемиле за 11.9 проценти.

Сподели!
- Advertisement -