12.7 C
Skopje
вторник, ноември 12, 2019

Кинезите и понатаму се водечка туристичка нација

Kabtel desktop

Бројот на меѓународни туристички посети се зголемил за 4% или за околу 30 милиони во однос на истиот период минатата година, а Европа е најпосетена туристичка дестинација, Од почетокот на годинава досега се забележани 671 милион туристички патувања, за растот е најзаслужен Блискиот Исток, кој бележи 8% повеќе странски туристи.
Туристите годинава во поголем број доаѓале и во Европа – 4% повеќе отколку лани, додека Африка и американските континенти имаат умерен раст од 3% во однос на истиот период лани. Во Европа туриститие ги има повеќе за Велигден и на почетокот на летото, па затоа континентот ја задржа позицијата најпосетен во светот.
За растот од 6% на странските туристи во Азија регионот на Пацификот се заслужни кинеските туристи. Во Африка, исто така, е забележан раст на межународните туристи од 3%, при што најголем победник е Северна Африка со пораст на странските туристи од 9%.
Меѓу туристичките нации Кинезите го задржаа првото место во светот и годинава со 14% повеќе патувања во странство во споредба со 2018 година. Зголемениот број на туристички посети во светот се должи на подобрите визни режими, силната економија и пристапноста на воздушниот сообраќај, додека за намалениот број туристи се одговорни слабата економија, продолжената неизвесност во врска со Брегзит и трговските војни, проценува Светската туристичка организација.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •