-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Џиновски соковник ја користи лушпата од портокали за од неа да испечати чаши

Kabtel desktop

Интернационалната дизајнерска компанија Carlo Ratti Associati направи експериментален бар за сокови кој прави свежи сокови од цели портокали, а од остатоците од лушпите потоа 3Д печати чаши од кои го пиете сокот.
Машината Feel the Peel е прототип, а е дизајнирана во соработка со глобалната енергетска компанија Eni. Висока е околу 3 метри, а на врвот има полутопка составена од држачи за портокали. Таму може да се постават дури 1.500 портокали, а во основата на машината е инсталиран 3Д печатач.
Кога ќе се прими нарачка за свеж сок, иновативната машина почнува да ја врши својата магија. Портокалите се лизгаат долу во машината каде што се цеди сокот. Остатоците од лушпите слегуваат низ една цевка и се акумулираат на дното на машината. Таму се сушат, се мелат и се мешаат со полилактичка киселина, па се претвораат во биопластичен материјал.
Биопластиката потоа се загрева и се топи додека не се добие материјал кој 3Д печатачот во машината го користи за да печати чаши. Иновативниот прототип е направен со цел да се види како наједноставните секојдневни закуски може да бидат дел од циркуларната економија со нула отпад.
„Принципот на циркуларност е задолжителен за денешните објекти. Заедно со Eni ние се обидовме да ја покажеме циркуларноста на многу опиплив начин со развој на машина која ни помага да разбереме како лушпите може да се користат за друго освен за сок. Во наредните верзии на Feel the Peel може да вклучиме и нови функции како печатење материјал за облека направен од лушпи од портокал“ велат од Carlo Ratti Associati.
Feel the Peel беше претставен во Римини, Италија летово, но ќе биде инсталиран на самитот Singularity University Summit во Милано на 8 и 9 октомври 2019 година.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!