18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Македонија Бесплатни ИТ обуки за младите кои ќе завршат општокорисна работа

Бесплатни ИТ обуки за младите кои ќе завршат општокорисна работа

Kabtel desktop
Шестотини млади лица ќе се стекнат со дигитални вештини во замена за општокорисна работа. Деновиве ќе биде објавен огласот, каде сите млади на возраст од 15-29 години ќе може да аплицираат за бесплатни ИТ обуки. Услов е претходно да волонтираат или да учествуваат во одредена иницијатива во заедницата, со што ќе се стекнат со ваучер за обуките што ќе се одржуваат во претседателската народна канцеларија.
“Според Еуростат, последните бројки покажуваат прилично поразителна ситуација. Значи, Северна Македонија е четврта од позади од сите европски држави според дигиталната писменост, или неписменост. Се надевам дека ова ќе биде еден мал обид да помогнеме во таа насока заедно, се разбира со она што е неопходно, а тоа е системскиот пристап, или системската поддршка на државата”, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски.
“Една од причините зошто навистина ни се допадна овој проект, уште од првиот пат кога разговаравме за него, е поради тоа што опфаќа два аспекти. Едниот е волонтирањето, а другиот стекнувањето со дигитални вештини. Тоа е иднината на сите работни позиции, иднината на јавната администрација, иднината на сите технологии, градежништвото, текстилната индустрија… Луѓето мора да знаат што се случува во светот, им треба пристап до информациите”, изјави Британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
Со пренамената на претседателската канцеларија, лоцирана во центарот на градот, освен за курсевите за ИТ вештини, просторот сега ќе биде достапен за млади уметници, за организирање настани од различен карактер, за граѓанските организации и реализација на нивните иницијативи.
“Добиваме различни статистики дека младите си заминуваат од државата, не гледаат просперитет тука, не можат да останат. Сакавме да видиме што е тоа што може да го направиме за да го смениме ова, каде младите се гледаат себе си во оваа држава и да им дадеме една можност да видат нешто ново. По сите истражувања што ги правевме, дигиталните вештини се она каде води иднината и она каде што младите во државата ќе можат да си ги остварат своите амбиции, да работат дури и за клиенти надвор од државата, но сепак да живеат, да творат и да создаваат тука”, вели Гордана Колева, генерален секретар на Националниот младински совет.
Приектот е финансиран од Британската амбасада, а се имплементира во соработка со Националниот младински совет и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.
Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •