14.9 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Консалтинг Интер Груп ги повикува компаниите да аплицираат за ИПАРД

Kabtel desktop

Консултанската компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП специјализирана за деловно и корпоративно право со докажана ескпертиза од областа на правен и економски консалтинг, како акредитиран финансиски фасилитатор кој е дел од проектот на УСАИД за развој и заштита на деловниот еко систем , во врска со Јавнот Повик кој е во тек за користање на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 кој се однесува на финансисарање во рамките на мерката
7- Диверзификација на фармите и развој на бизнисите, објавен од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го истакнува следното:

Максималниот износ на кофинаансиран грант од страна на Агенцијата за оваа мерка изнесува 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци по поедничено Барање.

Крајниот рок за поднесувања на барањата е 18 ноември 2019 година.

На овој повик може да се јават физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина, односно регистрирани: Занаечти, Угостители, Трговеци, Преставници на земјоделско стопанство и индивидуални земјоделци производители, како и правни лица регистирани на ранг на микро и мали претпријатија што се утврдува согласно “Преглед на податоци за годишната сметка за претходната година”.

Во процесот на одлучување по поднесените Барања на физичките и правните лица, Агенцијата дава предност на следниве сектори:

-Инвестции во алтернативно земјоделство

-Инвестции во производство на прехрамбени производи и пијалоци

-Инвестиции во производство на не-прехрамбени производи

-Инвестции во занаетчиски дејности

-Инвестиции во земјоделство

-Инвестиции и услуги за руралото население

-Инвестции во рурален туризам

Согласно општите критериуми за доделување на средства , инвестициите треба да се рализираат на имот кој е во сопственост на Барателот.

Физичко лице траба да обезбеди потврда документ  за докажување на професионалните компетенции за одделна економска не-земјоделска дејност со најмалку средно образовано или високо образование или стручна обука со диплома/уверение.

Најмалку едно лице одговорно на индивидуалниот земјоделски производител или  правно лице треба да е во редовен работен однос или да биде ангажиран под договор со времетраење не помалку од пет години.

Барателите преставувани од страна на правното лице во случај нивниот капитал да е во сопственост на јавен орган или од  страна на државата со повеќе од 25%, не се прифатливи за инвестирање.

Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на које е планирано да се реализираа инвестицијата се наоѓа во рурална средина.

Помош може да биде доделена на корисниците чии инвестицки проекти овозможуваат финансиска/ економска одржливост. Барателот треба да ја прикаже можноста за континуитетот на работењето во текот на најмалку 5 години од реализацијата на инвестицијата.

Вкупната финансиска поддршка нема да ја надминува границата од 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицјата.

Минималната вредност на вкупните прифатливи трошоци за преложениот инвестициски проект треба да изнесуваат 1500 евра во денарска противредност.

Максималната вредност на вкупните прифатливи трошоци за предложениот инвестицки проект не треба да надминуваат 1.000.000 евра во денарска противредност.

Максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден корисник под оваа мерка е 1.500.000 евра во денраска противредност, за времетрање на целиот проект.

Согласно краткиот рок за аплицирање и обемната документација потребна за поднесување на Барањето, тимот на Консалтинг Интер Груп ги охрабрува компаниите  да аплицираат на Јавниот Повик и им стои на располагање во целиот процес на  аплицирање до конечна реализација.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •