7.2 C
Skopje
петок, ноември 15, 2019

Пет клучни работи што ги прават дрвјата за градовите

Kabtel desktop

Дрвјата го намалуваат загадувањето и ни помагаат да се разладиме. На улиците кои се посадени со дрвја има 60% помалку издувни гасови, како и помалку загадување со бучава и помалку силен ветар. Едно возрасно дрво може да апсорбира до 150 кг јаглерод диоксид годишно. Разладувањето што го вршат е исто како 10 клима-уреди да работат непрекинато по 20 часа дневно, па температурата во градските маала се намалува за 6 степени Целзиусови.

Дрвјата не усреќуваат. Научниците открија дека само гледањето во дрвјата може да ни го намали стресот, а кога луѓето вежбаат во природа опкружени со дрвја се 50% посреќни отколку кога вежбаат со теретана.

Дрвјата го штитат урбаниот див свет. На еден стар даб може да живеат дури 500 различни живи организми и на тој начин се зголемува биодиверзитетот во една средина каде што има само цемент и асфалт.

Дрвјата ни штедат пари. Бидејќи помагаат со регулирањето на температурата во урбаните средини, тие фактички заштедуваат до 10% на трошоците за греење и ладење. На пример, за секоја една фунта што ја троши на дрвја, Велика Британија заштедува по 7 фунти во здравството, енергетскиот сектор и заштитата на животната средина.

Дрвјата ни ппомагаат да го одруваме физичкото здравје. Само 11 дрвја во место каде што живееме може да имаат толку позитивни ефекти врз здравјето на нашето срце како да заработувате 20.000 долари повеќе годишно или како да сме речиси година и половина помлади.

Five crucial things trees do for cities

Keeping us clean, lean and green.🔎 Learn more about cities planting trees: https://wef.ch/2RyBXHU

Posted by World Economic Forum on Четврток, 10 октомври 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •