1.4 C
Skopje
петок, декември 6, 2019

Facebook добива нов ривал – основачот на Wikipediа ја претстави WT:Social

Kabtel desktop

Основачот на Wikipediа, Џими Велс, ја извести јавноста дека неговата нова социјална мрежа WT: Social сега има повеќе од 160.000 членови и се заканува да стане нов ривал на популарниот Facebook. Новата мрежа собра повеќе од стотина илјади претплатници за само 48 часа, а Велс вели дека луѓето и понатаму масовно се пријавуваат.

Како што се вели на платформата, никогаш нема да продаваат кориснички податоци и дека се потпираат на поединците, а не на рекламите. Тие што ќе пријават на WT: Social се додаваат на листа на чекање, а од нив се бара за повикаат други корисници или да изберат плаќање на претплата. Велс појаснува дека неговата платформа е насочена на вести, а членовите на мрежата ќе можат да уредуваат „заблудни“ наслови.

Корисниците на мрежата можат да ги видат написите во облик на временска лента. Се појавуваат најпрвин најновите написи, а не алгоритамски избрани за да се следи интересот на корисниците. „Ќе ве поттикнеме самите да ги избирате содржините кои ви се сервираат и директно да ги уредувате бесмислените наслови. Ние ќе негуваме средина во која се отстрануваат лошите глумци затоа што тоа е исправно“ објаснува Велс.

Претплатата на WT: Social изнесува 12 евра месечно или 90 евра годишно во Европа, а 13 долари месечно или 100 долари годишно во САД.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •