0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Светската метеоролошка организација предупредува дека има рекордно ниво на стакленички гасови во воздухот

Kabtel desktop

Количината на гасови кои ја задржуваат топлината во атмосферата во текот на минатата година достигнала нов рекорд, известија од Светската метеоролошка организација со седиште во Женева.

Концентрацијата на јаглерод диоксид, кој се смета за најодговорен за ефектите на стаклена градина, достигнала високи 407,8 честички на милион. Од организацијата велат дека толку висока концентрација на честички немало 3-5 милиони години. Оттаму додаваат дека пред толку милиони години температурата била повисока за 2-3 степени, а нивото на морињата 10-20 метри повисоко отколку денес.

Метанот е уште еден стакленички гас кој пораснал до нова висока вредност од 259% од нивото пред почетокот на Инудстриската револуција на почетокот на 19 век. Концентрацијата на азотни оксиди, пак, се зголемила на 123% во однос на прединдустриското ниво.

Понатаму, од 1990-тите години досега ефектите на загревање на сталениќките гасови пораснале за 43%. Нема никакви индикации на забавување на овој раст, а уште помалку на намалување на количината на стакленичките гасови после Парискиот климатски договор.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •