0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Научници создадоа нова сорта јаболко која во фрижидер може да стои една година

Kabtel desktop

Новата сорта јаболка наречена „космик крисп“ (Cosmic Crisp), која научниците ја развивале цели две децении и наводно може да стои во фрижидер до една година се најде на американскито пазар. Станува збор за сорта добиена со вкрстување на сортите „ханикрисп“ (Honeycrisp) и „ентерпрајз“ (Enterprise), а прв пат е одгледана на државниот универзитет Вашингтон во 1997 година.

Во развојот на оваа цврста, крцкава и сочна сорта јаболка инвестирани се 10 милиони долари, а ексклузивното право за нејзино одгледување го добија овоштарите во сојузната американска држава Вашингтон.

Се работи за многу крцкаво јаболко, релативно цврсто и има добар соооднос на слаткост и киселост. Исто така, бавно се расипува и во фрижидер задржува одличен квалитет дури 10-12 месеци“ велат научниците.

Повеќе од 12 милиони стебла од оваа сорта се засадени во овоштарниците во Вашингтон на површина од 12.000 хектари, а се проценува дека од продажбата на плодовите ќе се заработат 30 милиони долари.

Сортата најпрвин била позната како WA38, а името „космик крисп“ го добила поради белите точки на темно црвената кора, кои потсетуваат на ноќното ѕвездено небо.

Државата Вашингтон е најголем производител на јаболка во САД, а најпопуларните сорти „златен делишес“ и „црвен делишес“ се соочуваат со жестока конкуренција од „пинк лејди“ и „ројал гала“. После бананите, јаболката се најпродаваното овошје во САД.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •