8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Анкета: Помалку од половина Македонци се среќни и оптимистични за 2020 година

Kabtel desktop

На прашањето, „Дали сметате дека 2020 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2019 година?”, 43 отсто од испитаниците во Македонија изјавиле дека ќе биде подобра, 18 проценти дека ќе биде полоша, а 35 отсто од анкетираните сметаат дека ќе биде иста со 2019 година, што покажува, како што наведе „БРИМА”, дека во земјава оптимизмот е над светскиот просек.

Помалку од половина Македонци се оптимистични дека 2020 ќе биде подобра од 2019 година и сметаат дека се среќни, покажа глобалното истражување на „Галуп Интернешнал Асосиејшн”. Во Македонија студијата ја спроведе „БРИМА”, членка на „Галуп Интернешнал Асосиејшн” во партнерство во ВИН, на 1.210 испитаници.

На прашањето, „Дали сметате дека 2020 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2019 година?”, 43 отсто од испитаниците во Македонија изјавиле дека ќе биде подобра, 18 проценти дека ќе биде полоша, а 35 отсто од анкетираните сметаат дека ќе биде иста со 2019 година, што покажува, како што наведе „БРИМА”, дека во земјава оптимизмот е над светскиот просек.

Во однос на регионот, најоптимистични по тоа прашање се анкетираните од Албанија, а најпесимистични се Србите.

На прашањето „Општо земено, дали Вие лично се чувстувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?” девет отсто се изјасниле дека се чувствуваат многу среќно, 47 проценти среќно, 34 отсто ниту среќно ниту несреќно, девет проценти несреќно, и еден отсто од испитаниците изјавиле дека се чувстуваат многу несреќно.

Луѓето кои живеат на Блискиот исток се претежно песимисти (52 проценти), додека оние кои живеат во Индија (56 проценти) и Западна Азија (50 отсто) се претежно оптимисти кога се прашани дали следната 2020 година ќе биде подобра од оваа 2019.

Споредбено по држави, најоптимистични граѓани во однос на годината што доаѓа (2020) има во Нигерија (73 проценти), Перу и Албанија (70 отсто), Казахстан (67 проценти) и Ерменија (62 отсто).

Од истражувачката Агенција наведоа дека Западна Европа е најпесимистичкиот регион по Блискиот исток. Земјите што не се членки на ЕУ се скоро двојно пооптимистични од западните држави во Европа. Американците се значително посигурни од Русите во нивните очекувања за подобра нова година.

Студијата е спроведена во 50 земји и опфаќа околу 2/3 од глобалната популација.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!