Во Калифорнија автономни автомобили ќе доставуваат пици до дома

- Advertisement -

Одделот за моторни возила на сојузната држава Калифорнија минатата недела донесе одлукa според која заинтересираните компании ќе можат да тестираат автономна достава со возила на јавните патишта. Дозволено е тестирање на возила со тежина до 4,5 тони. Во таа категорија спаѓаат автомобилите, комбијата и помалите камиони кои можат да доставуваат продукти, пица и слично.

Од тој оддел нагласуваат дека сигурноста на луѓето секогаш е на прво место, но компаниите кои ги исполнуваат сите услови ќе можат со своите роботски возила да доставуваат храна.

- Advertisement -

Различни автономни возила и роботи за достава веќе се тестираат во САД и во Велика Британија, но не треба да очекуваме дека таа услуга наскоро ќе стане достапна во повеќе градови.

Калифорнија досега издаде дозвола за тестирање автономни возила за 65 компании како Apple, Intel, Qualcomm, Nvidiа, Baidu и други, но при тестирањето во сите најнови возила мора да има и возач. Само една компанија има дозвола да тестира возила без возач, а тоа е Waymo.

- Advertisement -

Правилата за тестирање на таквите возила се строги и возилата мора да бидат опремени со технологија која не само што ќе може да се прилагоди на условите на патот, туку ќе може и да се одбрани од сајбер напади и да се заштити од потенцијално преземање на контролата над автомобилот. Исто така, автомобилите без возачи мора да имаат комуникациска врска со оператор и во случај на сообраќајна незгода да прикажат информации за сопственикот или за компанијата која управува со возилото.

Сподели!
- Advertisement -