1.2 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2020

Како ниските температури ги „убиваат“ батериите на паметните телефони

Kabtel desktop

Можеби знаете колку време треба да се обидувате да го стартувате автомобилот кога надвор е минус 10 степени Целзиусови. Истото важи и за паметните телефони. Зошто ладното време и батериите едноставно не се сложуваат?

Американскиот блогер Хенк Грин во видео објаснува како не е технологијата таа која ги прави вашите телефони нефункционални кога надвор е ладно, туку тоа е хемијата, па затоа и проблемот е потежок за решавање.

Имено, најкраткото објаснување е дека батериите на телефоните се базираат на хемиски реакции за да функционираат, а ниските температури ги забавуваат или ги стопираат тие реакции.

„Темпeратурата е мерна единица за време, а на молекуларно ниво топлината е движење. Повисоката температура значи поголемо молекуларно движење и повеќе судирање на молекулите, што значи подобра хемиска реакција. Во суштина, кога температурата паѓа, хемиските реакции се побавни. Затоа забележувате дека некои батерии работат подобро од други во текот на зимата. Не се сите направени од ист материјал, па затоа работат различно“, објаснува Грин.

Постојат батерии кои речиси не можат да работат на ладно. Затоа никогаш не треба да го носите далечинскиот управувач за телевизорот на температури под нула. Нашите мобилни телефони главно имаат литиум-јонски батерии. Иако се направени да поднесуваат пониски температури, имаат свои ограничувања. Перформансите на овие батерии можат да го „излажат“ телефонот дека е празен.

„Вашиот телефон нема термометар, што значи дека не знае кога е ладно, па само претпоставува дека нема ништо во батеријата за да изреагира. Затоа, телефонот ви вели дека батеријата е слаба кога, всушност, само е ладно. Затоа загрејте ја батеријата за да поттикнете поголема хемиска реакција и телефонот ќе сфати дека може уште да работи“ објаснува Грин.

Експертите за технологија препорачуваат на зима телефонот да го носите така што страната на која е батеријата ќе биде поблиску до вашето тело. Доколку ви се исклучи телефонот на ниски температури, не се обидувајте да го вклучите додека не го загреете на собна температура.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •