14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

ВИДЕО: Еве што ни порача 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг од Давос

Kabtel desktop

Шеснаесетгодишната шведска активистка за климатските промени, Грета Тунберг, присуствува на самитот на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос. Таа оттаму испрати многу јасна порака, која многумина не сакаат навистина да ја слушнат и да поверуваат во неа.

Знам дека не сакате да зборувате за ова, но ве уверувам дека ќе продолжам да ви ги кажувам овие бројки додека не сфатите. Ако имаме 67% шанси да го ограничиме покачувањето на глобалните температури на помалку од 1,5 степени Целзиусови, на 1 јануари 2018 година ни остануваа да испуштиме во воздухот уште 420 гигатони јаглерод диоксид додека да ја достигнеме таа бројка. Се разбира, денес ни останува уште многу малку емисија на штетни гасови додека да го достигнеме тој максимум затоа што годишно испуштаме 42 гигатони јаглерод диоксид. Ако продолжиме со тоа темпо, ќе ја исполниме дозволената квота за само 8 години“ вели Грета.

Глобалната емисија на СО2 се зголемува секоја година. Дури и ако земјите ги исполнат своите обврски за ограничување и намалување на емисијата на штетни гасови, до 2100 година температурите во светот ќе се покачат за 2,9-3,4 степени Целизусови.

„Зошто е толку битно да го ограничиме глобалното затоплување на помалку од 1,5 степени Целзиусови? Затоа што дури и да има покачување на температурите од само 1 степен, луѓето умираат поради климатските промени. Научниците од целиот свет порачуваат да направиме се што можеме за да не ја дестабилизираме климата за да избегнеме појава на неповратни верижни реакции. Битен е дури и најмалиот дел од еден степен“ додава Грета.

Последните пет години се најтоплите во историјата на човештвото. Глобалните температури веќе се 1,1 степен повисоки од прединдустриската ера, а јули 2019 година беше најтоплиот месец откога постои мерење на температурите. Екстремните временски услови убиваат луѓе и предизвикуваат катастрофи во светот. Секоја година 20 милиони луѓе се раселени од своите домови.

„Овие бројки ги повторувам во речиси секој говор што сум го одржала. Но, да бидам искрена, мислам дека ниту еднаш ниеден медиум ниту некој висок функционер не ги повторил и не објаснил што значат“ вели шеснаесетгодишната активистка.

Greta Thunberg says we’re all listening to her but we’re not hearing her

"People are dying from climate change. Every fraction of a degree matters." – Greta Thunberg📕 Read more: https://wef.ch/30EFREw #howtosavetheplanet #wef20 TIME

Posted by World Economic Forum on Вторник, 21 јануари 2020

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •